Дома Трансфер зона Италијанскиот бедем не попушта, Сандро не оди никаде!

Италијанскиот бедем не попушта, Сандро не оди никаде!

sandro

Антонио Конте и Челзи добија негативен одговор, Алек Сандро не е на продажба.

Италијанците не сакаат ниту да слушнат за продажба на Бразилецот, не се во прашање пари, Челзи испрати понуда од 50 милиони, но истата без размислување беше одбиена.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ист одговор ќе добијат и каталонците кои како и Челзи покажаа голем интерес за поранешниот бек на Порто и Манчестер Јунајтед. Едноставно, Алекс Сандро е решение за подолг период, а како што стојат работите изгледа дека Јуве тешко ќе го продаде и Бонучи, бараат огромна сума, а ниту самиот играч не сака да замине.

Неговиот пријател Киелини откри дека Бонучи не сака да го напушти Јуве. Кога во прашање е одбраната единствено би можел да биде продаде Дани Алвеш, Ако Челзи плати поголема сума, иако ниту тој не е сигурен во своето заминување во Премиер лигата.

Шик е првото засилување за Јувентус, пристигнува за 25 милиони, Шчесни ќе биде замената за Буфон кој веројатно ја започнува последната сезона, а би требало да пристигнат уште Даглас Коста и Н’Зонзи.

Кеита Балде е на чекор од Торино, останува да се види само дали Лацио ќе ја прифати понудата од 12 милиони евра плус Стураро или пак талентираниот фудбалер во Јуве ќе се пресели наредното лето како слободен фудбалер.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Тиаго Мота

Приоритет на Јувентус во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на одбраната, а најголема…