Дома Фудбал Лига на шампиони Италијанската легенда: Да бев на местото на Бонучи, Мурињо ќе добиеше клоца во задникот

Италијанската легенда: Да бев на местото на Бонучи, Мурињо ќе добиеше клоца во задникот

Манчестер Јунајтед со голем пресврт во финишот во средата стигна до победа против Јувентус во Торино од 1:2.

После натпреварот Жозе Мурињо ги разбесни фановите на „старата дама“ со провокативните гестикулации. Таквиот потег на Мурињо можеше да предизвика и судир на теренот, а најжесток во реакцијата беше стоперот Леонардо Бонучи.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


https://www.youtube.com/watch?v=cJ6iBvvYd4k

Сега во јавноста се огласи голманската легенда на Италија, Стефано Такони. Тој смета дека реакцијата на фудбалерите на Јувентус била преблага, но и објасни што тој би направил доколку се најдеше на местото на Бонучи.

„Доколку бев на местото на Бонучи, Мурињо ќе добиеше клоца во задникот“, порача Такони.

Иначе, Такони дресот на Јувентус го носеше од 1983 до 1992 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Постекоглу: Фотографиите со трофеј во Тотенхем веќе се пожолтени

Тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, изјави дека освојувањето на Лигата на Европа оваа с…