Maнчестер Јунајтед вчера потврди дека Кристијано Роналдо нема да биде во составот за натпреварот против Челзи поради предвременото заминување од клупата во натпреварот против Тотенхем.




Португалецот си замина во соблекувалната и не го дочека крајот на натпреварот. Со тој потег Роналдо предизвика критики и најголемиот дел од фудбалската јавност.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Меѓутоа последните информации од Островот говорат дека изоставувањето од тимот не е единствената казна за Роналдо.




Според информациите Роналдо ќе мора да се извини на соиграчите во соблекувалната, но и да плати еден милион фунти. Сумата е огромна, меѓутоа тоа е сума која Роналдо ја заработува за неполни три недели.




Инаку, Роналдо вчера по казната од Манчестер Јунајтед се огласи на социјалните мрежи (ТУКА).