Расел Вестбрук синоќа успеа да го израмни рекорд во НБА лигата кој се сметаше за недопирлив. Тој го забележа 41-от трипл-дабл во сезоната и го израмни рекордот на легендарниот Оскар Робертсон од сезоната 1961/1962.
Оклахома го победи Милвоки, убедливо 110:79, а победата на Тандер мина во знакот на Расел Вестбрук, кој за 22 минути успеа да забележи трипл-дабл (12 поени, 13 скокови и 13 асистенции).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рас го израмни рекордот од 41 трипл-дабл учинок во една сезона на Оскар Робертсон и во исто време се израмни на вечната листа со уште една легенда, Вилт чембрлен. Овие двајца со 78 трипл-даблови во кариерите го делат четвртото место на вечната листа, каде неприкосновен лидер е токму Оскар Робертсон (181).
Вестбрук до крајот на сезоната има можност да стане апсолутен рекордер, а исто така ќе се обиде да го собори рекордот на Вилт Чембрлен кој во сезоната 1967/1968 забележал трипл-дабл на девет последовни натпревари.