Дома Фудбал Англија Историска победа: Ливерпул со денешната „седумка“ сруши неколку рекорди

Историска победа: Ливерпул со денешната „седумка“ сруши неколку рекорди

Ливерпул денес во Лондон со огромни 7:0 го победи Кристал Палас и сруш рекорд.

Освен што Кристал Палас го доживеа најтешкиот пораз во историјата, Ливерпул успеа да ја оствари најголемата гостинска победа во историјата на англиската Премиер лига.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Ова беше 2090 победа за Ливерпул на гости и претходно никогаш не победиле некого со овој резултат.

Исто така, интересно е што „црвените“ станаа првиот тим во Премиер лигата кој во една сезона примил и постигнал седум гола. Ќе потсетиме Ливерпул претходно сезонава изгуби 7:2 од Астон Вила.

Во овој момент Ливерпул е лидер во Премиер лигата со 31 освоен бод, Тотенхем е второпласиран со 25 и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома ги става сите карти на Фабрегас!

Поранешниот шпански фудбалер Сеск Фабрегас е водечки кандидат за тренер на Рома која по за…