Дома Топ вести Испратиле жалба: Шпански клуб бара Ла Лига да биде стопирана!

Испратиле жалба: Шпански клуб бара Ла Лига да биде стопирана!

Шпанскиот прволигаш Кадиз побара да се стопира сезоната во Ла Лига додека не се реши ситуацијата со големата грешка на нивна штета.

Против Елче, Кадиз имаше предност, а во завршницата на гостите им беше признат гол, иако имало офсајд. Офсајдот не го забележиле ниту судиите на теренот, ниту од ВАР собата. Од клубот истакнаа дека е испратена жалба до Шпанската фудбалска федерација, меѓутоа таа жалба им беше одбиена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Објаснувањето од Ла Лига е дека не е можно резултатот од натпреварот да се поништи. Барањето на Кадиз беше да се поништи голот на Елче и да се доиграат тие последни девет минути.

Клубот не се откажа и нивното барање привремено да се стопира лигата за случајот да се реши сега е прегрлено на Спортскиот арбитражен суд во Лозана. Кадиз се наоѓа на 16-тата позиција во Примера со два бода над опасната зона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Maнчестер сити продава играч во Лондон за 40 милиони евра!

Манчестер Сити во последните дванаесет месеци вложи 500 милиони евра во составувањето на т…