Дома Фудбал Останато Исповед на славниот француски голман: Едвај останав жив, пред мене е голем предизвик

Исповед на славниот француски голман: Едвај останав жив, пред мене е голем предизвик

Познатиот француски голман Себастијан Фреј се огласи после неколку недели објаснувајќи како се борел со тежок вирус.

„Како што веројатно забележивте, бев отсутен од друштвените мрежи одреден период. Причината е што пред три недели итно бев пренесен во болница откако имав температура од 40 степени. После одредени тестови ми пронајдоа вирус во организмот кој малку по малку ме онеспособил. Едвај останав жив, но сега пред мене е голем предизвик. Морам повторно да застанам на нозе, морам да одам и напорно да работам. Секогаш играв на победа и ќе ја добијам и оваа битка“, напиша 39 годишниот Фреј на Инстаграм.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Фреј во кариерата бранеше на повеќе од 500 натпревари за Интер, Веројан, Парма и Фиорентина и со години беше еден од најдобрите голмани во Серија А.

Кариерата ја заврши во 2015 година во турски Бурсаспор.

За француската репрезентација бранеше два пати, а во кариерата беше познат како голман со атрактивни одбрани, посебно во Парма и Фиорентина каде што помина пет сезони.

 

 

View this post on Instagram

 

What else ….. #sf1 #family #home #homesweethome #love #villaoceane #freyfamily #france #france?? #nice #goodweather #casa

A post shared by Sebafrey (@sebafrey) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Проблемот не е во системот, туку во начинот на кој ги правиме работите

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека утрешниот противник на тимот, С…