Дома Останати Ракомет Исланд славеше против изненадувањето на првенството и направи услуга на Словенија

Исланд славеше против изненадувањето на првенството и направи услуга на Словенија

Исланд во натпреварот од третото коло од втората фаза на Европското првенство со 29:25 ја победи најголемата сензација во досегашниот дел од турнирот, репрезентацијата на Португалија. Со тој триумф Исланѓаните направија голема услуга на Словенија.

Најдобар играч на натпреварот беше Петересон кој постигна пет гола, а најефикасен беше Смарсон со осум.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Исланд од почетокот беше многу подобар тим. Имаше 7:1 на срдината на првото полувреме, а Португалија првиот гол го постигна дури во 9. Минута. Сепак, подоцна Португалците се вратија и го донесоа натпреварот до егал.

Во продолжение се играше гол за гол до последната минута кога Исланд уфрли во поголема брзина и со четири гола го доби натпреварот. Со оваа победа Исланд си ги врати шансите за полуфинале, меѓутоа за такво нешто потребно им е среќа.

На врвот на групата се Норвешка и Словенија кои се максимални. Словенија која во првото коло го победи Исланд игра против Унгарија во вечерниот термин, додека Норвешка игра со Шведска која е на дното без бодови. Во случај Словенците и Норвежаните да слават ќе дојдат на чекор до полуфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Брестовац заедно со Ал Араби го освои Купот на Катар

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, продолжув…