Kлубот од Андалузија го отпушти Берицо после слабите резултати, а познато е кој би можел да го наследи на „Санчес Писхуан“.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Валтер Мацари е главен кандидат за превземање на шпанскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на медиумите, претседателот Хозе Кастро и спортскиот директор Оскар Аријас наводно веќе разговарале со Валтер Мацари во Италија.
Мацари е без работи после отказот кој го заработи во Палермо.
Останатите кандидати за клупата на Севиља наводно се Виченцо Монтела, Томас Тухел и Хави Гарсија. Севиља е без тренер од минатата недела кога Берицо беше отпуштен.
Во овој момент шпанскиот клуб се наоѓа на петото место на табелата со 29 бодови, два помалку од Реал Мадрид кој се наоѓа на четвртата позиција.