Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско одби да го продолжи договорот и сака да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
Весникот „АС“ пренесува дека Иско пред два месеци и официјално ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, а тоа најверојатно ќе значи негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
24-годишниот шпански репрезентативец не добива голема минутажа кај Зинедин Зидан и смета дека за понатамошен напредок во кариерата е неопходно да игра повеќе па поради тоа сака да ја промени средината.
Неговиот договор со „кралевите“ истекува во јуни 2018 година, па следното лето ќе биде последна шанса Реал Мадрид да заработи на неговата продажба.
Интерес за Иско покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, како и италијанските гиганти Јувентус и Милан, па сигурно нема да му биде тешко да најде нов клуб.
Иско оваа сезона одигра 15 натпревари во Примера на кои постигна 3 гола и запиша 4 асистенции.