Дома Останати Кошарка Евробаскет Исклучително забавен, но и отсечен: Антиќ заигра оро во емисија наменета на Евролигата (ВИДЕО)

Исклучително забавен, но и отсечен: Антиќ заигра оро во емисија наменета на Евролигата (ВИДЕО)

Во најновата епизода „Cool EuroLeague“ на Youtube каналот на Евролигата, нашиот Перо Антиќ зборуваше на различни теми, а една од неизбежните беше ривалитетот на Звезда и Партизан која предизвика голем интерес кај водителот.

„Комплициран однос… Тоа е како воена зона кога се игра дерби, тоа е повеќе од живот, така да кажам. Можеш да ја освоиш Евролигата, но ако не го го добиеш дербито… Комплицирано е, опасно, не е како во Турција или Грција каде не е дозволено навивачите да се спротивставуваат на клубот. Во Србија тоа е дозволено и јас уживам во таквата атмосфера, тоа ми дава дополнителна мотивација. Не знам играч кој не е мотивиран кога игра во таков амбиент“, објаснува Перо Антиќ.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Наивачите на Звезда, Олимпијакос и Фенербахче ги издвои како најдобри, и посочи дека тие се во неговото срце.

„Потполно е поинакво отколку во НБА“, додава нашиот Антиќ.

Во прилог проследете ја целата емисија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Денвер пушти ѕвезда од 100 милиони, па го врати кошаркар со кој Јокиќ освои шампионски прстен

Денвер Нагетс го трејдуваа Мајкл Портер Јуниор и пик на првиот круг (2032) за Кем Џонсон. …