Дома Останати Кошарка НБА Ирвинг губи милиони бидејќи одбива да се вакцинира

Ирвинг губи милиони бидејќи одбива да се вакцинира

Кошаркарот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг кажа дека е свесен какви последици може да доживее поради одлуката да не прими вакцина против ковид-19.

Според одлуката на градските власти во Њујорк, не е дозволен влез во сали за невакцинирани лица и немаат намера да прават исклучок за спортистите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Поради оваа одлука, Ирвинг нема да може да настапува на домашните натпревари на Бруклин и со тоа се очекува да загуби околу 15 милиони долари, бидејќи НБА лигата и Унијата на кошаркари се договорија невакцинираните кошаркари да не бидат платени за натпреварите кои ќе ги пропуштат.

„Грешат ако ме претставуваат како херој или негативен лик, тоа не беше моја намера. Станува збор за избор кој е најдобар за вас. Мислите ли дека сакам да изгубам пари, да се откажам од сонот да ја освојам лигата? Не треба да се делиме, туку треба да се почитува изборот“, вели Ирвинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…