Дома Трансфер зона Иранскиот Меси пред потпис во Лацио

Иранскиот Меси пред потпис во Лацио

Лацио се обидува да го донесе во своите редови 22-годишниот напаѓач на Рубин од Казањ, Сардар Азмун, кого уште го нарекуваат„ирански Меси“.

Рубин Казањ ја одби првата понуда на Лацио од 15 милиони евра, а според италијанските медиуми рускиот клуб ќе прифати додатни 5 милиони евра по име на бонуси, па целиот трансфер ќе изнесува 20 милиони евра


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Лацио веќе се договорил со фудбалерот и неговиот татко во врска со личните услови, па се очекува трансферот да биде официјализиран до крајот на неделата.

Азмун ќе биде четвртото засилување за Лацио во овој преоден рок откако во клубот веќе пристигнаа Адам Маришиќ, Лукас Леива и Давид ди Џенаро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Дортмунд

Неколку клубови од Премиер лигата покажуваат силен интерес за ѕвезата на Борусија Дортмунд…