Дома Фудбал Англија Инцидент по дербито: Мурињо полиен со вода, Артета расечен

Инцидент по дербито: Мурињо полиен со вода, Артета расечен

Британските медиуми пренесуваат дека после дербито на Олд Трафорд дошло до инцидент во соблекувалните во кој учествувал и менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо.

Наводно, играчите на Манчестер Сити прегласно ја славеле победата, се слушала и гласна музика, па Мурињо се обидел да ги смири страстите и барал да се испочитува неговата екипа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Португалецот влегол во вербален дуел со голманот на Сити, Едерсон, по што се вмешале и останатите играчи.

Ромелу Лукаку исто така бил учесник во инцидентот, во кој помошникот на Пеп Гвардиола, Микел Артета заработил посекотина на лицето, а Мурињо бил полиен со вода и млеко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта може да биде среќен, Аргентинецот сака да се пресели во Барселона!

Според извори од Англија, еден Аргентински играч планира трансфер ова лето. Иако има долго…