Алексис Санчез оваа сезона е на позајмица од Манчестер Јунајтед во Интер, но поради повреда не се изнаигра многу.
Интер нема опција да го откупи неговиот договор, но со оглед на тоа дека позајмицата му истекува на 30 јуни, започнаа преговори за продолжување на договорот до крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Останува да видиме дали Јунајтед ќе се согласи на тоа, но најавите на медиумите се дека двата клуба брзо ќе стигнат до договор.
„Наша цел е да ги задржиме сите, вклучително и Алексис Санчез. Тој играше добро пред да се повреди, посебно против Барселона и Сампдорија. Тука потсети на најдобрите сезони со Удинезе и Арсенал, но немаше среќа. Сега тоа може да го искористи во овие преостанати мечеви за да добие втора шанса“, изјави спортскиот директор на „нероаѕурите“.
Интер сака да ја продолжи позајмицата до септември, но не е заинтересиран за откупување на договорот на Чилеанецот.