Дома Трансфер зона Интер ја поправа грешката – си го враќа италијанскиот репрезентативец

Интер ја поправа грешката – си го враќа италијанскиот репрезентативец

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е силно заинтересиран за играчот на Фиорентина Кристиано Бираги.

Левиот бек на Фиорентина потекнува од школата на „нероаѕурите“, а со добрите игри веќе заработи повик во италијанската репрезентација.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Интер е во потрага по лев бек бидејќи Далберт се покажа како големо промашување, па Спалети сака по секоја цена да го доведе Бираги на „Џезепе Меаца“.

Сепак, Интер ќе треба да ја победи конкуренцијата, бидејќи градскиот ривал Милан уште минатото лето се обидуваше да го купи Бираги.

Агентот на играчот потврди дека бил контактиран од двата милански гиганти и дека следното лето би можел да направи трансфер во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…