Дома Топ вести Интер тргнува по ѕвездата на Бенфика

Интер тргнува по ѕвездата на Бенфика

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нунес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.

Скаутите на Интер го следат веќе подолго време, а италијанските медиуми тврдат дека „нероаѕурите“ сакаат да го доведат уште во јануари.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


21-годишниот уругвајски репрезентативец постигна 4 гола на три меча за Бенфика во Лига Европа.

Тој во договорот со португалскиот клуб има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.

Бенфика во септември за потписот на Нунес плати 24 милиони евра, па Интер ќе треба да понуди барем двојно повеќе од таа сума за да го донесе на „Џузепе Меаца“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…