Раководството на Интер се вклучи во трката за потписот на ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен, пренесуваат италијанските медиуми.
Како што е познато договорот на играчот истекува на крајот на сезоната, а Ериксен веќе донесе одлука да не га продолжува соработката со Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Тотенхем не сака да го загуби играчот без пари и е спремен да го продаде во јануари за 20 милиони евра. Конкуренцијата за неговиот потпис е огромна, а медиумите на Островот тврдат дека најдобрата понуда до Ериксен до сега ја испратил Пари Сент Жермен.
Меѓутоа, Интер не се плаши од конкуренцијата и ќе се обиде да го договори неговиот трансфер, па веќе стапил во контакт со неговите агенти.
„Нероаѕурите“ не се спремни да ја платат трансферната сума сега и сакаат да го донесат играчот на лето како слободен агент, а за тоа се спремни да му понудат 10 милиони евра по сезона.
Inter are really interested in Christian Eriksen as a free agent, but the best bid for him arrived from PSG.
— Italian Football TV (@IFTVofficial) January 1, 2020
Leonardo has offered a contract until 2025 with a wages of €12M a year ? via @NicoSchira pic.twitter.com/B9HEUfRA0S