Се погласи се шпекулациите дека Иван Ракитиќ на лето ќе ја напушти Барселона.
Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, кој важи за многу близок до управата на Барселона, обелодени дека шпанскиот шампион е подготвен за разделба од Ракитиќ и веќе ја одреди цената.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, Каталонците се спремни да го продадат Хрватот доколку пристигне понуда од 60 милиони евра. Ракитиќ неодамна наполни 31 година и ова е последна можност добро да се наплати неговиот трансфер.
Интер е клубот што покажува најсериозен интерес за хрватскиот репрезентативец, но „нероаѕурите“ сигурно ќе имаат и конкуренција во ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
Поради тоа раководството на Интер веќе ги започнале преговорите со неговиот агент и сакаат што е можно побрзо да го договорат трансферот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на „нероаѕурите“, Бепе Марота е спремен во наредните денови да испрати официјална понуда до Барселона „тешка“ помеѓу 50 и 60 милиони евра.
Интер сака за следната сезона да изгради тим кој ќе се бори за Скудетото, но и ќе се покаже во добро светло во Лигата на шампиони.