Aктуелниот европски вицешампион, Интер се откажал од намерата да го задржи Ромелу Лукаку, пренесува италијанскиот „Скај“.
Според еден од најпознатите медиуми Интер го информирал Челзи дека се откажува од намерата за откуп на Лукаку кој во минатата сезона играше како позајмен фудбалер во Милано. Интер претходно испрати понуда од 40 милиони евра, но сега се откажаке наводно поради несериозната на Белгиецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Интер се налутиле затоа што Лукаку започнал преговори со Јувентус кој исто така е спремен да плати 40 милиони евра. Меѓутоа во Јувентус веројатно сакаат прво да го продадат Влаховиќ, па потоа посериозно да тргнат по Лукаку.
Како и да е како што сега стојат работите, Лукаку во Интер најверојатно нема да заврши. Лукаку минатото лето дојде на позајмица во Интер откако претходно миланскиот гигант го продаде на „сините“ за 115 милиони евра.