Кутињо изминатово лето беше на мета на Барселона, но каталонскиот клуб не успеа да го донесе и покрај тоа што се обиде со сите сили.
Сепак, на „Ноу Камп“ не сакаат да се октажат и токму бразилскиот фудбалер е нивната најголема мета во јануарскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона е подготвена да плати околу 160 милиони евра за Кутињо, со тоа што 30 милиони би биле платени преку бонуси. Но, Ливерпул не сака така лесно да го пушти еден од најдобрите играчи.
Меѓутоа, трансферот на Кутињо, освен навивачите на Барселона, сигурно ќе го израдува и Интер. Имено, доколку Кутињо замине во Барселона за споменатата цифра, италијанскиот клуб ќе заработи околу 3 милиони евра.
Кутињо во Интер пристигна во 2008. година за помалку од 4 милиони евра, а во Ливерпул премина пет години подоцна за скромни 13 милиони евра.