Дома Трансфер зона Интер преговара со Михтарјан

Интер преговара со Михтарјан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер започнал преговори со играчот на Рома, Хенрих Михтарјан.

„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и ова лето главно ќе носат засилувања без обештетување, а покрај Пауло Дибала сакаат да донесат уште една ѕвезда од Серија А.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Калчомеркато“ пренесува дека Интер започнал преговори со Михтарјан, чиј договор со Рома истекува ова лето.

Ерменецот не може да се договори со „волчицата“, па Интер ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација.

Михтарјан бара двегодишен договор и плата од 4 милиони евра по сезона, нешто што Интер може да му го понуди.

Инзаги верува дека одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра и може да игра на неколку позиции во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…