Раководството на Рома нема намера да го откупи договорот на Хенрик Михтарјан од Арсенал и, па Ерменецот на лето се враќа во Лондон, пренесуваат италијанските медиуми.
Ерменскиот репрезентативец минатото лето пристигна на „Олимпико“ како позајмен фудбалер од Арсенал. „Волчицата“ во договорот има ипција да го откупи за 23 милиони фунти, но сметаат дека сумата е превисока за играч од 31 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Михтарјан има договор со Арсенал до летото во 2021 година и ќе има нова можност за докажување во дресот на „топчиите“, овојпат под водство на Микел Артета.
Поранешниот фудбалер на
Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд има 15 настапи за Рома во оваа сезона на
кои постигна четири голови и забележа една асистенција.