Дома Фудбал Интер прави „мини Барселона“: По Меси доаѓа Иниеста!

Интер прави „мини Барселона“: По Меси доаѓа Иниеста!

Познатиот шпански играч за врска Андрес Иниеста летово се раздели со Висел Коби, по пет години играње.

Се чинеше дека по неговото заминување, легендарниот ас ќе стави крај на својата блескава играчка кариера и ќе влезе во тренерските води, но тој ја промени својата одлука.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Имено, американските медиуми oбјавија дека Интер Мајами, чиј косопственик е славниот Дејвид Бекам, ќе го доведе поранешниот соиграч од Барселона на Лео Меси.

Аргентинецот неодамна се пресели во тимот на Интер Мајами од ПСЖ, а потоа клубот се засили и со поранешните каталонски фудбалери Серхио Бускетс и Жорди Алба. На овој начин, раководството на тимот од Мајами ја создава „Барселона во мало“, а следните два дела кои треба да го комплетираат мозаикот треба да бидат Луис Суарез и Иниеста.

Фудбалерот кој со актуелниот тренер на Барса, Чави Ернандез го формираше најдобриот тандем за среден ред на сите времиња во каталонскиот гигант и шпанската репрезентација, ги договори сите услови за соработка со Интер, а неговиот потпис за член на МЛС лигата е прашање на денови.

Во текот на својата блескава кариера, Иниеста играше за Барселона од 2002 до 2018 година, освои дури 35 трофеи на Ноу Камп: девет пати беше шампион на Шпанија, има четири трофеи во Лигата на шампионите, а во дресот на националниот тим ги освои европското и светското првенство.

Потоа реши да замине во Јапонија и да игра за Висел Кобе, а сега повторно го однесе предизвикот да игра во силна конкуренција како што е МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…