Дома Топ вести Интер почна преговори со Миленковиќ

Интер почна преговори со Миленковиќ

Примарна цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека прва желба е дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, кој на лето сигурно ќе ја промени средината.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Миленковиќ има договор до 2023 година со „виолетовите“ и Интер веќе започнал преговори, па се верува дека двата клуба ќе најдат заеднички јазик за трансфер вреден 15 милиони евра.

„Нероаѕурите“ на лето најверојатно ќе го продадат Де Врај, па сакаат да донесат најмалку еден дефанзивец, а другата мета е Бремер од Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…