Oткако се појавија информации дека ПСЖ е заинтересиран за Марсело Брозовиќ сега медиумите пишуваат дека за клубот од Париз интересен е и друг играч на Интер, Милан Скриниар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според пишувањето на „Тутоспорт“ за можниот трансфер веќе се разговара откако ПСЖ побарал информации од Интер за достапноста на Скриниар.
Скриниар не се вкллопува во тактичките замисли на Конте и ставен е на трансфер листата со цел Интер да собере пари за нови засилувања.
Наводно, Интер во замена за Скриниар од ПСЖ побарал 20-30 милиони евра во кеш и Леанрдо Пардез, аргентинскиот играч за врска за кого минатото лето на Зенит му платија 40 милиони евра
Од друга страна ПСЖ во Скриниар гледа идеална замена за Тијаго Силва кој како слободен играч го напушти ПСЖ и потпиша за Челзи.