Дома Фудбал Џонс не го прифати изборот на Спенс за GTA: „Бегај од тука!“ (ВИДЕО)

Џонс не го прифати изборот на Спенс за GTA: „Бегај од тука!“ (ВИДЕО)

Џонс не го прифати изборот на Спенс за GTA: „Бегај од тука!“ (ВИДЕО)

Наместо за фудбал, Кертис Џонс и Џед Спенс пред тренингот на Интер влегоа во кратка расправа за видеоигри. Клубот ги праша фудбалерите кое издание од серијалот GTA им е омилено, а еден од одговорите на Спенс веднаш го испровоцира неговиот соиграч.

Џонс се двоумеше меѓу San Andreas, првата игра од серијалот што ја играл, и GTA V, како најново издание пред пристигнувањето на шестото продолжение.

Спенс, кој неодамна се врати од репрезентативните обврски со Англија, наброја повеќе наслови: San Andreas, GTA IV, GTA V и Vice City. Токму последниот избор го натера Џонс да се сврти и да му дофрли: „Што?! Vice City? Бегај од тука!“

Забавната сцена беше дел од објавата на Интер во пресрет на излегувањето на GTA 6, закажано за четврток, 19 ноември. Видеото со реакцијата на Џонс почна да се шири на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куп-потпис на Мојсов: Земун повторно го запре Раднички 1923

Ѓорѓи Мојсов го одведе Земун меѓу најдобрите 16 во српскиот Куп со победа од 1:0 над Радни…