Интер ова лето во своите редови го донесе италијанскиот репрезентативец Матео Политано од Сасуоло на едногидишна позајмица со право на откуп.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека од таборот на „нероаѕурите“ се исклучително задоволни од Политано и на крајот на сезоната ќе ја активираат откупната клаузула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер му плати на Сасуоло 5 милиони евра за позајмицата, а може да го откупи Политано за додатни 20 милиони евра.
Како што пренесуваат медиумите на Апенините, Интер уште сега одлучил сигурно да го задржи крилниот напаѓач.
Политано оваа сезона настапи на сите три натпревари во Серија А со дресот на „нероаѕурите“.
Politano Will Join Inter Permanently At The End Of The Season https://t.co/2wqikzfBue pic.twitter.com/LkcpkUHR1I
— SempreInter.com (@SempreIntercom) September 7, 2018