Откако денес Андреа Ранокија го напушти Интер и се пресели во редовите на Хал, „нероаѕурите“ веднаш тргнаа по нов дефанзивец кој би требало да биде негова замена.
Италијанските медиуми пенесуваат сека потрагата завршила и дека Интер ќе донесе нов стопер од Кина, а станува збор за Трент Сеинсбери, австралиски репрезентативец кој настапува за Жиангсу Сунинг.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Овој 24-годишен Австралијанец минатата година пристигна во Кина од холандски Цволе, а во Инетр ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната.
Трансферот експресно беше договорен со оглед на фактот дека двата клуба имаат исти сопственици, а тоа е компанијата „Сунинг“.