Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е силно заинтресирана за дефанзивецот на Лацио, Фeлипе Луиз.
„Нероаѕурите“ внимателно ги следат настапите на 24-годишниот дефанзивец кој оваа сезона игра одлично во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на дефанзивецот истекува на крајот на сезоната, но Лацио сака да го задржи и започна преговори за нов договор.
Бразилецот сака плата од 2,5 милиони евра по сезона што клубот од „Олимпико“ не може да му понуди, па Интер е спремен да ја искористи ситуацијата.
„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се блиску до договор, па дефанзивецот на лето ќе се пресели на „Џузепе Меаца“ како слободен агент.