Дома Фудбал Италија ИНТЕР НЕ СЕ ШЕГУВА! За еден ден паднаа ЧЕТИРИ ПОТПИСИ!

ИНТЕР НЕ СЕ ШЕГУВА! За еден ден паднаа ЧЕТИРИ ПОТПИСИ!

Како што веќе пишувавме, тренерот на Интер, Симоне Инзаги пoтпиша нов договор со овој клуб до летото 2025 година, а по шефот на стручниот штаб управата комплетираше уште три потписи.

Симоне во Интер дојде од Лацио, каде за пет години освои два Суперкупа и еден Куп на Италија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Потоа на Нероазурите им донесе два трофеи од Суперкупот и од Националниот куп.

Пред помладиот од познатите браќа Инзаги, нови договори потпишаа Алесандро Бастони, Стефан де Фреј и Хакан Чалханоглу, кои ја продолжуваат мисијата што ја започнаа на стадионот „Џузепе Меаца“.

Интер брилијантно ја започна сезоната и победи на сите три натпревари.

Тимот на Инзаги е на лидерската позиција, а досега на домашен терен ги совлада Монца и Каљари (по 2:0), додека во претходното коло ја декласира и Фиорентина на „Меаца“ со убедливи 4:0.

Инаку, Лаутаро Мартинез моментално е во најдобра форма, кој постигна пет од осумте гола на својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Тухел долгорочно се врза со Англија

Англиската федерација официјално го објави продолжувањето на договорот на селекторот на ти…