Дома Трансфер зона Интер не се откажува од Белерин, играчот притиска за трансфер

Интер не се откажува од Белерин, играчот притиска за трансфер

Интер е во потрага по десен бек, а примарна цел е играчот на Арсенал, Хектор Белерин.

„Нероаѕурите“ во Белерин гледаат идеална замена за Мароканецот. 25-годишниот Шпанец скоро целата своја кариера ја помина во Арсенал, но веќе е уморен од недостатокот на амбиција на клубот и сака да ја промени средината за да се бори за трофеи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Од Интер можат да му понудат редовно да се натпреварува во Лигата на шампиони, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Арсенал е спремен да го продаде, но проблем е што Интер сака позајмица со право на откуп следното лето. Самиот фудбалер притиска да се пресели во Милано, па се очекува двата клуба да најдат заеднички јазик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…