Дома Фудбал Италија Интер на Твитер му постави прашање на Роналдо

Интер на Твитер му постави прашање на Роналдо

Интер утре со почеток во 21 часот ќе го игра натпреварот од второто коло во групната фаза во ЛШ, а противник ќе биде екипата на ПСВ.

Навивачите на Нероазурите ги тресе европска еуфорија бидејќи нивниот клуб за прв пат после шест години игра во ЛШ, а уште повеќе што сезоната ја отвори со победа над Тотенхем.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Интер во склоп на најавата за натпреварот со ПСВ одлучи да го запраша Роналдо на Твитер за кој ќе навива во овој дуел.

Познато е дека на легендарниот Ел Феномено прв клуб во Европа му беше токму ПСВ, а подоцна играше и во Интер каде помина пет години.

Роналдо се уште не одговорил на ова прашање, но претпоставуваме дека ќе остане воздржан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн го обнови интересот кон Нкунку

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските ме…