Лаутаро Мартинез е еден од најважните играчи на Интер и оваа сезона, па јасно е зошто Барселона толку многу се обидуваше да го доведе.
Во Интер добро знаат дека мораат да ги подобрат условите од договорот на Лаутаро ако сакаат да го задржат на подолг период. Според информациите на италијанските медиуми пред Лаутаро има понуда за нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сегашниот на Лаутаро му истекува во 2023 година, а Интер му нуди нов со повисока плата и со важност на дополнителна една година. Се шпекулира дека е постигнат договор за плата од 7 милиони евра по сезона.
Меѓутоа тоа не е се. И понтаму ќе важи клазулата од 111 милиони евра за оние кои ќе сакаат да го доведат, но тоа нема да важи за Јувентус. За лутиот ривал на Интер цената ќе биде 150 милиони евра.