Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака во зимскиот преоден рок да ја засили одбраната, а дефанзивецот на Рома Костас Манолас е прв на листата желби.
„Црвените ѓаволи“ спремија понуда од 50 милиони евра за 25-годишниот грчки репрезентативец и веруваат дека оваа сума ќе биде доволна за Рома да даде залено светло за трансферот.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Манолас пристигна во Рома во 2014 година од Олипијакос и оваа сезона игра феноменално за „волчицата“ па се етаблираше како еден од најдобрите стопери во Серија А.
Сепак, плановите на Мурињо може да ги расипе милански Интер кој се приклучи во трката за одличниот дефанзивец.
Како што пренесуваат италијанските медиуми „нероаѕурите“ веќе ги направиле првите контакти со неговиот менаџер и исто така се спремни да платат 50 милиони евра за неговиот потпис.