Дома Трансфер зона Интер може да го загуби Брозовиќ бесплатно

Интер може да го загуби Брозовиќ бесплатно

Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува следното лето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Имено, Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 5,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.

„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и бараат од Хрватот да ја продолжи соработката со истата плата која ја добива во моментов.

Јувентус и Атлетико Мадрид се заинтересирана за Брозовиќ, па можно е следното лето Интер да го загуби играчот без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…