Дома Трансфер зона Интер може да бира: Јувентус му понуди тројца фудбалери за Мауро Икарди

Интер може да бира: Јувентус му понуди тројца фудбалери за Мауро Икарди

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди на крајот од оваа сезона речиси сигурно ќе го напушти Интер.

Икарди во моментов е најомразената личност кај навивачите на Интер поради своето однесување, односно одбивањето да настапува во дресот на овој клуб. Тоа се случи пред два месеци кога му беше одземена капитенската лента поради одовлекувањето околу потпишување на нов договор.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач на лош начин покажа дека сака на крајот на сезоната да го напушти Интер, иако често тврди дека тоа е клубот кој сака да остане подолго време. Но, со одбивањето на новиот договор му даде занаење на Интер да бара нов напаѓач.

Со Интер овие недели се поврзуваат многу напаѓачи. Најголем интерес за Икарди покажа Јувентус кој е подготвен на различни договори само да успее да го доведе Аргентинецот. Италијанските медиуми денеска објавија дека „Старата дама“ отворено му понудила на Интер тројца фудбалери, односно може да избере еден од нив во замена за Икарди.

Наводно, тука се Игуаин, Диабала и Кансело кој минатата сезона играше во Интер. Јуве сака напаѓач кој ќе му помогне на тимот во нешто ново, бидјеќи јасно е дека Манџукиќ не исполнува се што во Јувентус очекуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…