Дома Фудбал Останато Интер Мајами за првпат со Меси не постигна гол

Интер Мајами за првпат со Меси не постигна гол

За првпат Интер Мајами со Лионел Меси во тимот не постигна гол, откако претходно на сите 10 натпревари со Аргентинецот МЛС клубот постигнуваше голови.

Тимот на Нешвил е првиот противник во кој Интер Мајами не постигна гол со Меси во тимот, натпреварот заврши без победник 0:0.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Беше Интер Мајами подобар тим, ја држеше топката во свои нозе со 70% посед на топак, создаваа шанси, но тоа не беше доволно да се совлада противничкиот чувар на мрежата.

Меси одигра 90 минути и остана без учинок. Досега Аргентинецот на 10 натпревари за Интер Мајами постигна 11 голови и додаде три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ова е моментот кога Црвена звезда можеше да го нокаутира Порто (Видео)

Црвена звезда доживеа тежок пораз во четвртокот вечер од Порто, бидејќи до 89-та минута им…