Дома Топ вести Интер и Челзи спремаат спектакуларна трампа

Интер и Челзи спремаат спектакуларна трампа

Нголо Канте беше голема желба на Интер во летниот преоден рок, но „нероаѕурите“ не успеаа да го донесат Французинот во Милано.

„Паризиен“ информираше дека Канте не е во добри односи со тренерот Лампард и побарал од раководството да ја промени средината.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Неодамна Канте влегол во конфликт со тренерот Френк Лампард, после тоа Французинот донел конечно одлука да го напушти Челзи што е можно поскоро и преку својот агент го известил раководството на „сините“.

Интер сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе на „Џузепе Меаца“ во јануари, бидејќи е голема желба на тренерот Конте.

„Нероаѕурите“ веќе спремаат понуда, а како дел од трансферот Скриниар може да заврши на „Стенфорд Бриџ“.

Медиумите на Островот тврдат дека Ламапрд е заинтересиран за оваа трампа, па се очекува наскоро да започнат преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…