Дома Трансфер зона Интер и Сити спремаат голема трампа

Интер и Сити спремаат голема трампа

Интер и Манчестер Сити на лето би можеле да направат интересна трампа, пренесуваат италијанските медиуми.

„Граѓаните“ се силно заинтересирани за дефанзивецот Милан Скриниар, а Интер како дел од трансферот сака да вклучи некој фудбалер на „граѓаните“.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


До скоро време Интер беше категоричен дека нема да се разделува со Скриниар, но во последно врееме почна да го менува мислењето. Словакот оваа сезона не игра добро во формација со тројца дефанзивци, па „нероаѕурите“ би можеле да го продадат доколку пристигне примамлива понуда.

Меѓутоа, Интер сигурно ќе бара сериозна сума за неговата слобода, па ќе се обиде да го убеди Сити како дел од трансферот да го вклучат Габриел Жесус или Гундоган.

Гвардиола не сака да се раздели со Бразилецот, но можно е Гундоган да биде вклучен во трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…