Дома Топ вести Интер и ПСЖ спремаат трампа

Интер и ПСЖ спремаат трампа

Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна трансфер цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде Леандро Паредес од ПСЖ.

Приоритет за Конте ќе биде доведување на играч за врска, а Паредес е прв на листата желби.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Паредес е голема желба на Антонио Конте кој смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра, притоа има големо искуство во Серија А.

ПСЖ пак е силно заинтересиран за Марсело Брозовиќ, па медиумите не исклучуваат трампа помеѓу двата клуба.

Брозовиќ влегува во последната година од договорот и Интер е спремен да каже „да“ на трампа со Паредес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…