Баерн Минхен поради повредата на Лерој Сане се најде во проблем во финишот од преодниот рок.
Германскиот гигант практично имаше договорен трансфер со Сане и тој требаше да пристигне во Минхен како најскап и најплатен играч во Бундс лигата. Сепак, Гвардиола се одлучи Сане да биде стартер против Ливерпул и тој се повреди после само десетина минути игра, а подоцна се покажа дека повредата и не е наивна па Баерн се откажа од трансферот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бидејќи ова лето останаа без Рибери и Робен и се откажаа од откуп на договорот на Хамес Родригез Баварците имаат голема „дупка“ во составот. Сега мораат да реагираат побрзо и да купат барем двајца крилни играчи.
Како што утрово пренесува „Газета дело Спорт“ една зделка е блиску до завршување. Баерн вчера испратил официјална понуда за Иван Перишиќ и Интер без многу размислување ја прифатил. Станува збор за позајмица на една година со опција на крајот од сезоната да го откупат за 30 милиони евра. Според информациите сега се е на Перишиќ и проблем во реализацијата на овој трансфер не би требало да се појави.
Интер лесно се откажа од Перишиќ затоа што Антонио Конте не смета на него и платата од четири милиони е оптеретување за буџетот на „нероаѕурите“. Ако дојде до договор Баерн во целост ќе ја исплаќа платата на Перишиќ и веројатно за позајмицата би му платил на Интер сума помеѓу три и пет милиони евра.