Раководството на Интер веќе договори еден голем трансфер за следното лето, но италијанските медиуми тврдат дека „нероаѕурите“ нема да застанат тука.
Медиумите во Шпанија и Италија потврдија дека Интер постигнал договор со Диего Годин, кој следното лето ќе пристигне на „Џузепе Меаца“ како слободен агент од Атлетико Мадрид.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа, „нероаѕурите“ внимателно ја следат ситуацијата на сите фудбалери без договор и следната мета е ѕвездата на Баерн Минхен, Арјен Робен.
Робен следниот месец ќе наполни 35 години и ја игра последната сезона во Баерн, па Интер сака да го донесе на „Џузепе Меаца“ и наводно е спремен да му понуди едногодишен договор.
Интер следната сезона сака да направи тим со кој конечно ќе го нападне Скудетото, а раководството смета дека Холанѓанецот ќе биде од големо значење за тимот.