Дома Топ вести Интер има идеја: Икарди заминува, доаѓаат Џеко и Дибала

Интер има идеја: Икарди заминува, доаѓаат Џеко и Дибала

Денешното издание на „Газета дело Спорт“ ги открива плановите на Интер за следната сезона.

Икарди е на излезна врата од Интер после целиот скандал кој се направи откако му беше одземена капитенската лента. Аргентинецот е надвор од тимот поради наводна повреда и одбива да се врати на терените.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


После целиот скандал јасно е дека за Икарди нема иднина во Интер, а силен интерес за него покажува големиот ривал на „нероаѕурите“, Јувентус.

Спортскиот директор Марота сака да ја искористи целата ситуација за да направи трампа со „старата дама“ така што за возврат ќе го добие потписот на Дибала.

На „Џузепе Меаца“ сметаат дека Дибала – Лаутаро Мартинез би биле одличен тандем кој ќе може да го „носи“ нападот на Интер во следните години.

Притоа, за да го комплетираат нападот „нероаѕурите“ ќе се насочат и кон Един Џеко, кој е на излезна врата од Рома.

Трансферот на Босанецот не би требало да биде тежок за реализација, со оглед на фактот што влегува во последната година од договорот со „волчицата“.

Секако, она што би претставувало вистински земјотрес во фудбалска Италија би била трампата помеѓу Икарди и Дибала, но историјата не учи дека во фудбалот ништо не е невозможно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…