Дома Трансфер зона Интер донел одлука од кој напаѓач да се ослободи

Интер донел одлука од кој напаѓач да се ослободи

Нападот на Интер во текот на летото ќе претпри одредени промени.

Напаѓачкиот квартет во сезоната која е знад го сочинуваа Лаутаро Мартинез и Един Џеко како стартер, а Алексис Санчез и Хоакин Кореа како нивни резерви. „Газета дело Спорт“ пренесува дека во Интер донеле одлука да се ослободат од Алексис Санчез.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Миланскиот весник тврди дека контактите се веќе направени и дека на чилеанскиот напаѓач ќе му биде исплатена одредена оштета за раскинување на соработката. Во Интер сакаат да го растеретат буџетот и да направат простор за нов напаѓач.

Санчез во изминатата сезона во главно добиваше прилика од клупата за резерви, а во сите натпреварувања постигна девет голови. Екипата ја остави на „цедило“ кога можеби и беше најпотребно, во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул. Санчез во тој натпревар доби црвен картон при резултат 1:0 за неговиот тим.

Името на Санчез во изминатиот период се поврзуваше со Ривер Плата, но тој е прескап за аргентинскиот гигант и како наредна дестинација се споменуваше Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …