Дома Трансфер зона Интер демантира: Од каде ви се тие луди шпекулации за Меси?!

Интер демантира: Од каде ви се тие луди шпекулации за Меси?!

Директорот на Интер Пјер Аусилио демантира дека Лионел Меси кариерата би можел да ја продолжи во Интер.

Откако Меси побара да го раскине договорот повторно се појавија вестите дека Интер може да го ангажира, но Аусилио тврди дека гласините немаат никакво основа и дека всушност се измислици.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Нема да го доведеме Меси. Не знам од каде ви се тие луди шпекулации. Секако дека секој клуб сака да има таков играч, но реалноста и фактите се поинакви“, изјави директорот на „нероаѕурите“.

Меѓутоа ја остави отворена можноста да биде доведен Видал од Барселона и потврди дека Коларов е блиску до потпис со Интер.

„Големи се шансите да го доведеме Коларов. Кога во прашање е Видал, тоа е играч кој ни се допаѓа. Но тој е член на Барселона и ја следиме ситуација. Ако се појави шанса ќе го доведеме“; изјави Аусилио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…