Гигантот од Милан на сите им е познат како Интер, а целото име на клубот од северот на Италија е Интернационале Милано.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа од почетокот на март клубот ќе го носи името Интер Милан. Исто така ќе биде претставен нов грб на кој главни симболи ќе бидат буквите И и М.
Освен грбот и името клубот ќе го промени и главниот генерален спонзор, од новата сезона тоа нема да биде „Пирели“, туку најверојатно компанијата Евергранде. Интер е основан 9. март 1908 година и токму на својот 113. роденден ќе го направи овој револуционерен потег.
Сличен потег во 2017 година направи Јувентус, „старата дама“ тогаш го промени грбот и тоа во меѓувреме им донесе голема заработка.