Италијанските медиуми тврдат дека преговорите помеѓу Рома и Интер за трансфер на Един Џеко се во напредна фаза и се очекува напаѓачот наскоро да се пресели во Милано.
Но, „Калчомеркато“ денес објави дека Џеко не е единствениот фудбалер на Рома кој е на мета на Интер. Имено, клубот од Милано ги искористил преговорите да се „распраша“ и за Александар Коларов.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Антонио Конте покажа интерес да го доведе Коларов во Интер со цел да ја засили конкуренцијата на позицијата лев бек, бидејќи на таа страна моментално го има само Асамоа.
Овој, 34 годишен лев бек има договор со Рома до крајот на оваа сезона и сигурно дека римскиот клуб ќе проба ова лето да заработи барем нешто, бидејќи Коларов наредното лето ќе биде слободен играч.
Доколку се реализираат овие трансфери, Интер ќе биде трет клуб каде Џеко и Коларов ќе играат заедно, после Манчестер Сити и Рома.