Дома Трансфер зона Интер го сака дефанзивецот на Баерн Минхен

Интер го сака дефанзивецот на Баерн Минхен

Интер е силно заинтересиран за десниот бек на Баерн Минхен и марокански репрезентативец, Нусер Мазрауи.

Мазрауи пристигна како големо засилување во Баерн од Ајакс, но не ги оправда во целост очекувањата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Мароканецот  не добива голема минутажа во Минхен, па е спремен да ја промени средината, а Интер сака да ја искористи ситуацијата.

Интер поради финансиски проблеми сака на лето да го продаде Дамфрис, за кого има понуди од Премиер лигата, а во Мазраиу гледа идеална замена.

„Нероаѕурите“ ќе се обидат да го доведат на едногодишна позајмица со право на откуп за 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…