Пред неколку дена италијанските медиуми објавија дека бекот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан е пред трансфер во Јувентус, но Интер во последен момент се вклучи во траката за неговиот потпис.
Јувентус постигна договор со „црвените ѓаволи“ за позајмица до крајот на сезоната, со можност за откуп на лето, но потоа и Интер се вклучи во траката за Дармијан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нероаѕурите“ во меѓувреме му понудиле подобри финансиски услови, како и гаранција дека ќе биде дел од првиот тим, што во Јувентус нема да го има покрај Кансело и Алекс Сандро.
Поради тоа италијанските медиуми тврдат дека сега Интер е во предност за потписот на 29-годишниот италијански репрезентативец.
Интер му предложил на Дармијан годишна плата од 3,8 милиони евра, а формуката за трансферот останува иста, позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.
#Inter reportedly overtake #Juventus in the race for #MUFC full-back Matteo Darmian https://t.co/q9EYtDpSPd #FCIM pic.twitter.com/7pFggomdzC
— footballitalia (@footballitalia) January 22, 2019